Стратешко консултирање за родова еднаквост, економско зајакнување на жените и младите

Нашата консултантска компанија се фокусира на поттикнување на социо-економскиот напредок преку родово одговорни стратегии и зајакнување на женското претприемништво. Со стручност во стратешко планирање, родова анализа и економско зајакнување, нашиот тим им помага на организациите да ги применат најдобрите практики во остварување на родова еднаквост.

Експертиза во стратешко консултирање и економско зајакнување

Со повеќе од 15 години искуство во различни сектори, нашите клучни услуги се темелат на дизајн и имплементација на проекти за социо-економски развој. Нашите главни области на експертиза вклучуваат:
• Стратешко планирање и развој на политики: Им помагаме на организациите да развијат сеопфатни стратегии кои ја интегрираат родовата еднаквост во нивните деловни процеси и управувачки структури. Ги поддржуваме приватниот и јавниот сектор во дизајнирање на политики кои го зајакнуваат учеството и лидерската улога на жените во економијата.
• Женско претприемништво: Со големо искуство во менторирање на бизниси предводени од жени, нудиме специјализирана поддршка за женските претприемачи преку обезбедување на алатки, ресурси и прилагодени бизнис стратегии. Нашиот фокус е на овозможување пристап до пазари, можности за финансирање и создавање мрежни платформи за жени во бизнисот.

• Родово интегрирање и застапување: Нашата експертиза во родово одговорно буџетирање, реформи на политики и застапување им помага на организациите да ги усогласат своите операции со меѓународните стандарди за родова еднаквост. Работиме на родово интегрирање во законодавни, социјални и економски политики за да ги премостиме родовите јазови.
• Комуникација и застапување: Нудиме поддршка за развој на ефективни комуникациски стратегии за бизниси и организации кои сакаат да ја промовираат родовата еднаквост. Нашата работа вклучува подигање на свеста за родовите прашања преку таргетирани кампањи, ангажирање на релевантни чинители и застапување за политики што ги зајакнуваат жените на работното место.

Hашата мисија и визија

Посветени сме на поддршка на иднина во која бизнисите и заедниците напредуваат преку родово балансирано лидерство, инклузивни политики и зајакнати жени претприемачи. Со поддршка на женското претприемништво, застапување за родова еднаквост и примена на бихевиорални науки, создаваме нови можности за економски раст и социјална промена.