Нашите тимови

Д-р Јасна Пајковска има водено повеќе проекти со висок импакт, вклучувајќи:

• Поддршка на женско претприемништво: Менаџирање и водење на проекти кои се фокусираа на подобрување на лидерството на жените во приватниот сектор преку обуки за финансиска писменост, меки вештини и дигитализација на нивните деловни процеси.
• Родово инклузивни работни места: Работа со приватниот сектор на креирање стратегии за родово инклузивни работни места, овозможувајќи еднакви можности за напредок во кариерата и лидерски позиции.
• Обучување и градење на капацитети: Спроведување на обуки за развој на деловни вештини и стратешко планирање за млади, жени и претприемачи од руралните средини, овозможувајќи им вештини потребни за успех на конкурентните пазари.
• Истражувања и препораки за политики: Спроведување на длабински истражувања за родовите јазови и пречките за економското учество на жените, обезбедувајќи применливи препораки за владините и корпоративните партнери.

• Стратегиски иновации преку бихевиорални науки – Со магистерски студии од London School of Economics и обемно искуство во примена на бихевиорални науки, Тијана донесува нова димензија во нашата работа. Таа игра клучна улога во креирање на комуникациски кампањи и стратегии засновани на длабоки психолошки увиди и бихевиорални принципи. Нејзината работа со меѓународни организации, како што се Светската здравствена организација (СЗО) и УНХЦР, ја демонстрира нејзината способност да развие прилагодени и ефективни комуникациски и образовни иницијативи кои имаат долгорочно влијание.

М-р Тијана Стевчевска
- Cтручњак со меѓународно искуство во бихевиоралните науки, комуникации и проектен менаџмент:

Примена на бихевиорални принципи во родовата еднаквост – Со богато искуство во креирање на комуникациски кампањи за здравствените и социјалните прашања, вклучително и менталното здравје, Тијана придонесува во зајакнување на нашата работа на полето на родова еднаквост и економски развој. Нејзината способност да ги разбере мотивациите зад човечкото однесување е од суштинско значење за создавање на поинтуитивни, ефективни и долготрајни решенија за зајакнување на жените и маргинализираните групи.

Дигитални комуникации и проектен менаџмент – Нејзиното искуство во користење на дигитални алатки како Canva, Figma, SharePoint, и Google Analytics ни овозможува да ги примениме најдобрите практики за дигитални комуникации и организациски стратегии. Таа е веќе позната по својата способност да дизајнира визуелно привлечни и содржајно релевантни материјали, вклучително и интерактивни ресурси и прирачници, што дополнително го зголемува капацитетот на нашата компанија за испорака на висококвалитетни проекти.

Иновации во лидерството и обуките – Тијана, исто така, работела на проекти за развој на лидерски вештини кај C-level извршни лица преку примена на бихевиорални науки и нови технологии како гамификација и вештачка интелигенција. Овие искуства овозможуваат нашиот тим да ги вклучи најновите технологии и техники во проекти кои ги таргетираат клучните лидери и носители на одлуки.